Српска пејачка продава стан за да купи бубрег

Српската пејачка Мина Николиќ објави оглас на својата фејсбук-страница во кој вели „Продавам стан за да си купам бубрег“.  31-годишната белграѓанка неколку години боледува од бубрезите.

„Во денешно време сè потешко се стигнува до донации за операција и добротворно за истите се собираат пари, а јас го продавам станот“, напишала таа.

Мина е пејачка која има учествувано и во реално шоу во Србија.  Станот што се наоѓа во центарот на Белград го продава за 115 илјади евра со кои планира да плати за операцијата.

„Во 2007 година имав тешка сообраќајна несреќа, добив мултиорганска сепса и долго време бев во кома. За да ме спасат, лекарите ми даваа силни антибиотици кои буквално ми ги уништија бубрезите“, рекла Мина.

Таа не сака да прима донации, туку да го продаде станот.

Scroll to Top