Српската актерка Анѓелка Прпиќ заразена од корона

Актерката Анѓелка Прпиќ соопшти дека е позитивна на коронаворусот, а откри и какви симптоми имала, пренесуваат српските медиуми.

„Позитивна сум на Ковид-19, немам симптоми, но бидејќи ние актерите глумиме во серии, мораме редовно да се тестираме. Јас го направив тестот и позитивна сум, затоа морам да сум на дистанца“, вели таа.

Таа во емисијата „Држи го Божо“ откри дека малку чувствувала симптоми, но било исто како порано кога била настината, односно мало печење во грлото и течење на носот. Во моментот добро се чувствува и едвај чека да продолжат со снимање онаму каде што застанале.

Scroll to Top