Судска преписка меѓу Северина и Милан околу училиштето на Александар

Милан Поповиќ во февруари успеал да добие заедничко старателство со својата поранешна партнерка Северина Којиќ над синот Александар.

Но, сега се поставува прашање во кое училиште ќе оди наследникот на бизнисменот и пејачката. Милан го предлага Американското интернационално училиште во Загреб, а Северина се има одлучено за едно основно училиште во Загреб, кое, како што објаснила пејачката, е „полуприватно-полујавно“. Судската преписка се водела преку нивните адвокати.

„Сметам дека Американското интернационално училиште има многу предности за нашиот син. Поради веројатноста дека животот ќе го мине во разни земји ширум светот (поради родителите кои се од различни држави) во негов најдобар интерес е да стекне совршено знаење на англискиот јазик и да добие диплома што би му овозможила упис во кое било интернационално училиште во која било земја“, навел Милан преку своите адвокати, почнувајќи да ги набројува погодностите од тоа училиште. Меѓу другото, одлична е и локацијата. Како што се наведува, ова училиште е на половина пат меѓу станот на Милан и Северина во Загреб.

Поповиќ преку адвокатот истакнува дека училиштето навистина е интернационално, се работи за најсовремена образовна установа во Хрватска и се предава на англиски јазик. Исто така училиштето е многу добро обезбедено.

Од друга страна, Северина мисли дека Александар треба да се запише во основно училиште во Загреб, кое има и интернационална програма. Тој става акцент на фактот дека друштвото на Александар ќе биде претежно од хрватска националност. Како што се наведува, Александар е Хрват, кој од раѓање живее во Загреб, и во негов интерес е првенствено да го учи хрватскиот јазик.

„Тој во градинка почнал да учи и да пишува на хрватски, а во основно училиште морал совршено да го научи првенствено својот мајчин јазик, а потоа и странскиот јазик“, наведува Северина преку своите адвокати.

Поповиќ изрази страв од можната дискриминација на Александар бидејќи татко му е Србин.

„Како пример ќе го наведам тоа што децата во тоа училиште го слават Денот на падот на Вуковар и Александар во тој случај би можел да биде изложен на дискриминација од страна на своите врсници“, е една од забелешките на Милан.

„ Александар е Хрват, па нема причина да биде жртва на дискриминација од други Хрвати. Годишнината на падот на Вуковар е годишнина на Бура и слично обележување во цела Хрватска, и тука станува збор за делот од историјата во кој Александар, како и секое друго дете, ќе учи во училиште“, истакнува Северина.

 

 

 

 

Scroll to Top