Водителката и познатата лото-девојка во поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, неодамна доживеа незгода на улица. Таа случајно паднала ѝ го скршила прстот.
„Паднав на пешачки премин и набив три прсти, а еден од нив најмногу настрада. Додека се шетав среќна и насмеана и одеднаш ми се случи незгода“, рече Манчиќ.
Таа рече дека во наредниот период ќе одмора во Грција кај нејзиниот сопруг Сименон Оцомокос.
За потсетување, Манчиќ неодамна зборуваше за нејзините експлицитни снимки кои ѝ го промениле животот. Таа призна дека тоа ѝ бил најлошиот период во животот.