Тајно се ожени турскиот актер Озџан Дениз  

Славниот турски актер Озџан Дениз се тајно се ожени во сопствената вила со 20 години помладата избраничка Фејзи Актан.

На церемонијата на венчавка присуствуваа петнаесетина лица, семејни пријатели. Невестата наместо венчаница носеше бел коктел фустан. Медиумите пишуваат дека Фејза за месец дена треба да се породи , а двојката очекувала мачко бебе, за кое го избрале името Кузеј.

Актерот е популарен по многуте улоги кои ги добива во Турција, во сериите и на филмот. Во моментов тој е актуелен со улогата на Караман од серијата „Виорот на судбината“.

Scroll to Top