Тања Савиќ пее за проблемите во бракот

Српската поп-фолк пејачка Тања Савиќ наскоро ќе сними нова песна. Пејачката вели дека станува збор биографска, вистинска тажна љубовна песна која ја направила инспирирана од животот со нејзиниот сопруг.

Савоќ не крие дека со сопругот Душан Јовачевиќ не секогаш се во јдобри односи, но вели дека успева да го извлече најдоброто од нејзините тешки моменти во животот.

Савиќ вели дека не сака да се жали и признава дека во нејзиниот брак постојат проблеми, како што постојат во секој брак. Само понекогаш жените тоа знаат да го премолчат.

„Наскоро снимам нова песна која е моја биографска, вистинска тажна љубовна песна. Тоа му го кажав на мојот сопруг, а тој ми одговори дека ако не бил тој, ќе сум немала за што да пејам. Па ете му се заблагодарувам за таквото патење“, вели Савиќ во едно од своите интервјуа.

Таа признала дека има желба во наредниот период да стане мајка и да роди ќеркичка. Пејачката отворено раскажала дека астролог и предвидел трета бременост во 2020 година. Савиќ откри дека ќеркичката сака да ја крсти Алиса, Лејла или Анастасија.

 

 

 

 

Scroll to Top