Српската фолк-пејачка во едно скорешно интервју призна дека во одреден период од кариерата многу тешко се носела со популарноста, со постојаното следење на медиумите, но и со проблемите во бракот. Заради анксиознот пред еден настап, таа посегнала дури и по седативи.
„По инцидентот кој ми се случи пред неколку години, сега се плашам да пијам лекови. Тоа ми се случи еднаш пред да тргнам на настап. Бев во лудило и побарав лек за смирување од мајка ми. Бидејќи мојата мајка, како и повеќето луѓе во оваа земја има висок притисок, препишани ѝ се лекови за смирување и ги има во секој момент. Таа ми даде само четвртина и за неколку минути помислив дека сум на работ на смртта. Срцето почна да ми чука силно. Не знаев што ми се случува и како да го спречам тоа. Се преплашив, си реков, сега ќе умрам“, рече пејачката.
За среќа, инцидентот завршил добро, а Тања веќе не пие лекови без консултација со лекар.