Таткото на Брена мислел дека Саша Поповиќ ќе ја прави кафанска пејачка

Во Србија неодамна се прикажуваше документарниот филм „Годините на Слатки грех“, со кој Лепа Брена и момците од нејзината група се сеќаваат на скоро 40 години заедничка работа. Во документарниот филм, меѓу другото, Брена се сеќава и на првата средба помеѓу нејзиниот татко Абид Јахиќ и Саша Поповиќ.

„’Излегувај од мојата куќа! Ќерка ми нема да биде кафанска пејачка’, рече татко ми тогаш и го избрка Саша од дома“, раскажува Брена пред камерите.

Абид воопшто не сакал неговата ќерка Фахрета да се занимава со музика. Тој, во средината на 1980те години и не можел да претпостави дека Брена ќе биде една од најголемите музички ѕвезди на Балканот. Во овие скоро 40 години, Брена пеела пред политичари, државници, дошла на концерт со хелохоптер, снимила неколку филма, добила кукла со нејзиниот лик и е единствената жива личност што има улица со нејзиното име.

 

Scroll to Top