Цеца инспирација за серијата „Убијците на татко ми“

Според медиумите во Србија, втората сезона на серијата „Убијците на татко ми“ е инспирирана од животната приказна на Цеца Ражнатовиќ.

Во серијата главната хероина е пејачка која е мета на мафијата. Таа останала вдовица откако сопругот ѝ го убиле во хотел. Заплетот во многу нешта потсетува на животот на Цеца.

Милена Васиќ

Главната женска улога во серијата ја толкува актерката Милена Васиќ. Таа во едно скорешно интервју им рекла на новинарите да ги прашаат сценаристите која пејачка ги инспирирала за нејзиниот лик.

„Пред да го добијам сценариото ми рекоа дека ќе глумам пејачка-вдовица со две деца. Не се водев од никого подготвувајќи се за улогата. Не знам дали е мојот лик инспириран од Цеца“, рекла актерката.

Scroll to Top