Цеца во карантин го прослави роденденот

Светлана Цеца Ражнатовиќ наполни 47. години, но затоа што беше позитивна на коронавирус, роденденот не можеше да го прослави онака како што сака, во кругот на своите пријатели.

Но, пејчката доби голем број честитки, воглавно од своите фанови. Таа се пофали со честитките на „Инстаграм“.

Таа доби честитки и од голем број од нејзините колеги, но ја објави само онаа од Слаџа Алегро. Цеца неодамна беше во центарот на внимание на медиумите. Таа стана баба, откако год доби внукот Жељко, синот на Вељко.

Подоцна се дозна дека таа и нејзиниот син Вељко биле позитивни на коронавирус. Многу од нејзините колеги од естрадата, кои беа на таа забава исто така подоцна се покажа дека биле позитивни на Ковид-19.

 

 

 

Scroll to Top