Црните тајни на Марија Шерифовиќ: Бајачки и гатачки откриваат неверојатни работи за неа!

By

Страствена и динамичка, Марија Шерифовиќ е една од најискрените ѕвезди во регионот. Таа умее да се изнервира, да каже браво, но и силно да искритикува како член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

dobivaj vesti na viber

– Таа е таинствена и привлечна, но машки ги поднесува предизвиците на животот и со нив се носи без многу мака. Марија е човек кој не простува ничии грешки зошто се труди да не ги прави кон никого. Секогаш враќа „мило за драго“, по цена да го скрши непријателото, а притоа е во состојба да ги скрши и своите најдраги работи. Кога е уништена, повторно се гради и обновува подобро од било кој и има висока способност за регенерација. Таа со леснотија продира во ситуациите и луѓето зошто има силна интуиција која ја води низ животот. Има силен карактер и ако нешто одлучи, доследна е во тоа. Дивата Шерифовиќ не им остава да дишат на непријателите, не сакате да бидете против неа – открива гатачката Азира.

Марија има силна самодоверба, но и умее да љуби страсно, вели гатачката Азира

– Таа знае да сака жестоко и длабоко, но и да крши се пред себе за својата љубов. Таа животот го сфаќа сериозно и така се однесува. Марија има силно тело и полно со физичка енергија и ентузијазам. По природа е така што секогаш нејзиниот збор е последен, зошто нејзиното мислење и е најважно и најисправно. Сака да излегува, а полна е со самодоверба. Во старост нека се пази од болести на срцето, а во долниот дел од грбот ќе и се појавуваат болки. Марија е многу талентирана и тоа досега го покажа и докажа, таа изгледа мирно, а мозокот и е секогаш во ментален немир. Таа секогаш го покажува и тоа свое силно присуство, што на другите не им пречи и тоа другите го вреднуваат и почитуваат. Навистина е широкограда кон оние што ги сака, а знае некогаш да биде премногу критична и кон оние кои ги сака и кон оние кои не ги сака. Како личност е интелегентна и добро размислува, што и овозможува брзо да ја сфати ситуацијата од повеќе агли, а секогаш е подготвена да даде поддршка. Добар советник е. Во иднина втората лажица и покажува ситни здравствени проблеми, но ништо загрижувачко- додава гатачката Азира.

Ќе ви се допадне