Ураганките на приватна забава кај австриски бизнисмен за еден час заработија 30.000 евра

Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ од српската група Хурикејн добија 30.000 евра за да пеат на приватна забава.

Австриски бизнисмен испратил приватен авион да ги земе ураганките за да настапат на прославата на 18-тиот роденден на неговата ќерка.

Како што пренесуваат српските медиуми групата истата вечер имала закажано настап во Пореч, но ја прифатиле понудата на бизнисменот да пеат на приватна забава за 30.000 евра.

Бизнисменот не ги познавал девојките од групата, но и ја исполнил желбата на својата ќерка која побарала на нејзиниот 18 роденден да и пее групата Хурикејн.

Минатиот месец со официјално соопштение од страна на продуцентот на групата соопштија дека групата повеќе нема да постои бидејќи бизнис плановите на продуцентите не се совпаѓа со групата. Тие до крајот на месец септември нема да  гостуваат повеќе во емисии, да даваат интервјуа, освен за промоција на нивните нови песни.

Scroll to Top