Весна и Џоле Џогани со своите деца се на црногорското крајбрежје каде што и настапуваат, па за долго време изнајмиле сместување.
Парот и ова лето напорно работат во Црна Гора каде ќе го спојат убавото и корисното, а во летната сезона ќе живеат на море. Наводно, изнајмиле стан во познат и луксузен комплекс, а за тоа задоволство, како што пренесуваат медиумите, искеширале дури 29.000 евра.
Сместувањето го изнајмиле на еден месец, бидејќи оттаму им е полесно да патуваат низ градовите и местата каде што имаат закажано настапи, а со нив се и нивните деца – синот Адријан и ќерката Лаура, како и нивниот домашен миленик.
И двајцата се многу активни на социјалните мрежи, а летово често објавуваат фотографии во костими за капење.
Џоле неодамна наполни 63 години па често енговите следбеници коментираат дека одлично изгледа во седмата деценија.