(Видео) Беквалац: Лежев на подот додека Лука ме шутираше

Пејачката Наташа Беквалац и нејзиниот сè уште законски сопруг Лука Лаузиќ во вторникот, на 24 април, беа сослушани во Првото основно јавно обвинителство во Белград.

„Дојде околу пет часот утрото и легна да спие. Влегов во неговиот телефон и ги погледнав пораките. Кога прочитав дека се допишувал со две жени, почнав да го будам и му реков  ‘Срам да ти е, имаш дете од 40 дена’, на што тој ми одговори ‘Ку**о една, кој те донесе тебе дома, кој те е***е вечерва’. Следеше хаос“, сведочеше Беквалац.

Лука бил сослушуван од 10 до 11:45 часот, а Наташа од 11:45 часот до 15:45 часот. По четири часа поминати во обвинителството, Наташа од зградата излегла сериозна и со отечени очи од плачење.

Од обвинителството Наташа се упатила во својот стан на Дедиње, а како изгледа нејзиното влегување во зградата погледнете во видеото на следниот линк:

 

Scroll to Top