(Видео) Додека Милан ја славеше титулата, Златан го искрши прозорецот на автобусот

By

Фудбалерите на Милан качени на клупскиот автобус ја славеа првата шампионска титула по 11 години, а главен и овој пат беше Златан Ибрахимовиќ. Тој прво го скрши прозорецот на автобусот, кога од среќа неколку пати удри во ветробранското стакло. Фотографиите се појавија во италијанските и светските медиуми, кои пишуваа дека популарниот Швеѓанец малку претерал со однесувањето.

dobivaj vesti na viber

Прославата на Милан продолжи низ улиците на градот, а Златан направи фешта и го запеа хитот на Нада Топчагиќ „Јутро је“. Видеото го објави српскиот фудбалер Марко Лазетиќ и покажа како се забавуваат фудбалерите качени на автобусот, додека фановите ги поздравуваат со песна, овации и бакљи.

Ќе ви се допадне