(Видео) Емина Јаховиќ ја продаде семејната куќа во Нови Пазар

By

Пејачката Емина Јаховиќ ја продаде семејната куќа во Нови Пазар. Таа неодамна ја реновираше со брат ѝ Мирсад, а во последните година дена ја изнајмуваа на турскиот конзултат.

dobivaj vesti na viber

Тие го продадоа целото земјиште Нови Пазар кое беше во сопственост на нивните родители за 760.000 евра. Медиумите пренесоа дека на истото место треба да се изгради турска амбасада и дека издавањето дозволи за градба е во тек.

 Emina Jahović prodala kuću u Novom Pazaru za 760000 evra - Instagram/yaemina/printscreen

„Емина и нејзиниот брат Мирсад Јаховиќ долго време ја изнајмуваа куќата во Пазар на турскиот конзултат, затоа што поради обврските тие ретко престојуваа во неа. Емина веќе долго време живее во турција, а мајка ѝ не живее во Пазар, туку кај син ѝ во Истанбул. Речиси низ целата година плацот е празен. Затоа тие направија договор со конзултатот да им го изнајмуваат просторот, а на крајот пресекоа кога добија понуда за да ја продадат и на нејзино место да се смести турската амбасадата. Турците ѝ понудија 760.000 евра, а Емина веднаш прифати. Сега e во фаза на средување на документите за изградба на амбасадата“, открива извор близок до неа.

 Emina Jahović prodala kuću u Novom Pazaru za 760000 evra - Instagram/yaemina/printscreen

Емина пред продажбата на вилата за чие реновирање со брат ѝ вложија повеќе од 200.000 евра, ја изнајмување на Турците за 2000 евра месечно.

„Куќата е на неколку ката и има простории кои можат да се средат како работен простор. Земјиштето е големо, па од конзулатот имаа сè што е потребно за работа. Сега планираат да вложат дополнителни пари, за да уште повеќе го досредат просторот, а купците видоа дека е подобро да го купат местото отколку да го изнајмуваат за 2000 евра месечно“, рече изворот.

 Emina Jahović prodala kuću u Novom Pazaru za 760000 evra - Instagram/yaemina

Мајката на Емина, Сенија наводно не се согласила одма со оваа одлука, но на крајот ја убедиле.

„Сенија прво не сакаше да го продадат местото на нејзините. Зборуваше дека тој плац и бил од големо значење и дека треба да го направат викендица. Таа не сметаше дека е паметно да го продадат, но Емина и Мирсад инсистираа на тоа. И кажаа дека Турците им понудиле многу пари, дека знаат колку е врзана за куќата, но и дека нема смисла да пропадне, а просторот да не се искористи. Изнајмувањето беше паметна одлука, но сега комплетно сакаа да продадат сè. Мирсад и Емина имаат свои куќи, така што ова беше најдобра опција“, рече изворот.

 

Ќе ви се допадне