(Видео) Емотивна средба на Северина и нејзина другарка од детството на концерт во Макарска: Заедно патувавме, се смеевме, плачевме

Во краток бел фустан и одлично расположена Северина ги изведе своите хитови на летната сцена во Макарска.

На сцената додека пееше Северина се појави нејзина пријателка со која ги поминала најубавите моменти во животот и заедно со публиката ја пееја песната „Вирујен у те“.

Северина ја гушкаше и плачеше додека нејзината пријателка Франческа пееше на микрофон.

„Франческа Берош е од Макарска, мојата Миа тие се двете најдобри девојки што ги знам, а периодот кога живеевме трите е еден од најубавите во мојот живот. Заедно патувавме, се смеевме, плачевме. Франческа  беше таа која цело време пееше, како славеј“, напиша Северина на емотивното видео.

 

Scroll to Top