(Видео) Градоначалникот на Пула забрани српски народњаци да му пеат во градот, па се веселеше на Халид Бешлиќ

Градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, снимен е во кафана како се весели на песната „Изнад Тешња“, која ја пее Халид Бешлиќ. Неодамна тој им забрани на српските фолк пејачи Ана Бекута, ДраганКојиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ.

Тој за хрватските медиуми потврдил дека тој е на видеото и изјавил дека тој и неговата сопруга биле приватно поканети на прославата на 30 години од постоење на еден мал ресторан во Пула, бидејќи бил класен раководител на детето на сопственикот и тоа било снимено само додека влегувале во кафаната.

Според „Индекс“, на видеото се гледа дека Зоричиќ бил расположен.

На прашањето дали верува дека музиката што се слуша на видеото припаѓа на „музички вкус кој не припаѓа на климата, менталитетот и духот на Пула“, формулацијата што ја употребил при објаснувањето на одлуката за забрана за настап на српски пејачи, Зоричиќ рекол: „Никогаш не сум се занимавал со тоа кој што слуша во приватен простор. Ова е приватен простор и на кого немам што да кажам“.

„Индекс“ наведува дека Зоричиќ на забавата присуствувал околу половина час.

За потсетување, градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ го забрани концертот што требаше да се одржи на 25 март во Спортскиот центар во Пула. На концертот требаше да настапат Душко Кулиш, Драган Којиќ Кеба, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ.

 

Scroll to Top