Под дивата Јелена Карлеуша ги израдува своите фанови, па го објави спотот и првата песна насловена „Карлибич“.
Како што многумина предвидуваат, овој албум ќе направи вистинска револуција, а текстот на песната изобилува со пораки и одговори кои Јелена ги собирала со години и го чекала вистинскиот момент за нивна објава.
Пејачката се погрижила за секој детал. Па така многумина забележале дека ЈК во еден момент се симнува од авионот, на кој е испишана мала порака за своите фанови: Република Карли.
Јелена долго време работела на овој албум, а квалитетот на песната и видеото, иновативноста и креативноста се светски, коментираат на социјалните мрежи.
„Се згрозувам од почеток до крај“, „Што и да мисли некој за неа, никој не може да негира дека е далеку пред сите по креативност, иновативност и труд“, „Јелена ги гази непријателите“, „Уметник пред своето време“, „Жената е од друга планета“, „Жената покажа како стојат работите“, „Ова се нејзините одговори за битките од минатото“, се само дел од коментарите.