(Видео) Југословенска носталгија со „Нови фосили“

На вчерашното шоу „Златна бубамара на популарноста“ специјални гости беа легендарните „Нови фосили“. Дека публиката е носталгична по времето на поранешната држава, покажа еуфоријата што ја предизвикаа безвременските: „Е мој Саша“, „Кошуља плава“, „Још те волим“.

Публиката беше на нозе, со овации, а делириумот дојде на „За она добра стара времена“. Сања Долежал кажа дека по 28 години, повторно доаѓа во Македонија, од каде носи најубави спомени. Настапот на „Нови фосили“ го најавија Маја Панчева и Александра Митевски со сплет од неколку нивни песни.

Scroll to Top