Хрватската пејачка Маја Шупут објави видео од едно нејзино гостување во музичка емисија и рече дека отпосле сватила дека фустанот ѝ бил наопаку облечен.
„Дури сега гледајќи го видеото сфатив дека фустанот ми е облечен наопаку. Вие претпоставувам гледате нешто сосема друго“, рече Маја, која додека танцуваше и скокаше на бина, еден од музичарите ѝ фрлаше пари. „Вади куме само ќеш, ќеш“, додаде таа.
Фановите ѝ коментираа дека без разлика на киксот на неа сè убаво ѝ стои и дека важно убаво се забавувала.
За потсетување, Маја Шупут е најбогатата пејачка во Хрватска откако двете компании што ги поседува и донесоа огромен милионски профит во претходната година. Компаниите лани ѝ оствариле промет од речиси 6 милиони куни, односно 785 илјади евра.
View this post on Instagram