(Видео) Новата песна на Бајага „21 век“ во рап верзија

Српскиот пејач Бајага во неговата нова песна рапува. Песната која е насловена „21 век“ не е базирана на соло гитари, туку е социолошка рап песна.

Во новата песна, Бајага и Инструкторите ги коментираат впечатливите настани што ни се случија во последно време – корона пандемијата и сите последици од изолацијата, потоа во песната споменуваат маски и вакцини и се фокусираат на војната во Украина и прашуваат дали можно е мирот да е невозможен.

„Песната „21 век“ е одраз на ова време во кое живееме, а резиме на сето ова што ни се случува во изминатите две-три години. Во минатиот век имавме многу успешна песна „20 век“, а во овој век работите малку се сменија, па морав да напишам песна „21 век“. Она што досега го доживеавме во него не беше толку убаво како во дваесеттите, па песната е малку помрачна, во склад со мрачната реалност“, вели Бајага.

Scroll to Top