(Видео) Пејачката Милица Павловиќ му беше партнерка на матурант од Бања Лука

Српската пејачка Милица Павловиќ му беше партнерка за матура на матурантот Срѓан Адамовиќ од Бања Лука. Милица беше облечена во раскошен фустан со крем боја од дизајнерката Матија Вујица со длабоко деколте и дијамантски детали на рамената и половината. Сето тоа го надополнила со едноставен накит и малку појака шминка на очите.

Милица на матурата дојде во бела лимузина. Таа на социјалната мрежа Инстаграм го опиша ова искуство како неверојатна енергија и емоции.

„Прекрасна Бања Лука. И прекрасен Срѓан. Ти благодарам за сè. Немам зборови со кои можам да опишам колку сила и љубов ми дадовте, особено во овој момент од мојот живот. Ми беше чест да ја почувствувам вашата енергија, да се дружам со вас и да им посакам на прекрасните матуранти да ги остварат сите нивни соништа. Благодарна сум на Бога што ми ја даде оваа привилегија, која ми дава сила да продолжам да се борам. Ве сакам“, напиша Милица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

[/video]

 


Scroll to Top