(Видео) Сенида ја отпеа химната за женското Европското првенство во ракомет

Словенечката пејачка Сенида ја објави официјалната химна на ЕХФ ЕВРО 2022 за жени „Играј со срце“. Сенида пее на различни јазици, додека видеото е измешано со неколку ракометни акции со млади девојки од Љубљана.

„Најважно е дека секоја девојка од Скопје до Љубљана ќе знае дека ракометниот ЕХФ ЕУРО ќе се игра во ноември и дека е кул да се биде таму. Сенида и словенечката ракометна федерација завршија важна и одлична работа. Ова е најсилниот промотивен притисок за женскиот ракомет во последните 10 години во овој дел од Европа“, изјави Жика Богдановиќ, уредник на Balkan-Handball.com.

За 14 часа видеото доби речиси 35.000 прегледи.

Scroll to Top