(Видео) Сергеј Ќетковиќ сними нова балада за сите кои страдаат за љубов

Пејачот Сергеј Ќетковиќ има нова песна „Не долазиш“. Станува збор за љубовна балада која ќе биде дел од неговиот седми студиски албум „Кофер“, кој ќе излезе на есен. Музиката и текстот се на Сергеј, додека аранжманот е на Махир Сарихоџиќ.

„Ова е една од моите најдрагите песни од албумот ‘Кофер’, кој конечно ќе го објавам на крајот од годинава. Затоа и се одлучив песната да ја објавам сега и да ѝ ја претставам на публиката. Се надевам дека истата ќе ми донесе многу концерти и дружења“,  рече Ќетковиќ.

„Оваа песна е посебна на многу начини и верувам дека многумина ќе се пронајдат во неа. Особено оние кои страдале за љубов, а сигурен сум дека наскоро секој човек имал такво искуство. Љубовта некогаш не си оди од нас, иако тоа можеби тоа го сакаме, а што ќе се случи ако таа бега од заборавот, ќе дознаете во оваа песна“, додаде Ќетковиќ.

Scroll to Top