Лепа Брена, една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија, во нејзината кариера сними спот кој беше забранет од Армијата.
На врвот на нејзината популарност во ’90-тите, сними голем број атрактивни видеа кои ја освоија публиката на овие простори.
Сепак, едно видео снимено од пејачката делувало контроверзно и тоа не и се допаднало на тогашната Југословенска армија. Армијата забрани емитување на екран верзијата на песната „Љубав је“ од 1996 година, напишана од Дејан Милиќевиќ.
Моден фотограф ги коментираше настаните околу контроверзното видео.
„Никогаш нема да ми биде јасно зошто Југословенската армија се срамеше од видеото со Лепа Брена. Веднаш штом се емитуваше по два дена, пристигна писмо од Генералштабот во кое строго се забрани понатамошно прикажување. Штета. Можеше да биде спот за сите времиња. Брена маршира со специјалната единица, пее во касарната, војниците околу неа вежбаат. Дури и јас го немам тоа видео во архивата“, изјавил во една прилика Дејан Милиќевиќ.