(Видео) Цеца ќе стане баба по вторпат, Вељко и Богдана повторно ќе станат родители

Фолк пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца, ќе стане баба по вторпат. Син ѝ Вељко со сопругата Богдана го чекаат своето второ дете.

Богдана која е во третиот месец од бременоста на „Инстаграм“ откри дека чекаат син. Вељко сподели и видео на кое со стрела погоди балон, наполнет со сина боја.

„Со Божја помош за шест месеци доаѓа Крстан Ражнатовиќ. Им благодарам на Господ и на мојата најдобра жена“, рече Вељко.

За потсетување, Вељко и Богдана веќе имаат еден син Жељко.

Scroll to Top