Пејачот Жељко Јоксимовиќ на своите фанови им приреди уличен концерт пред Градското собрание во Белград. Пејачот концертот го приреди на Велигден, кога го прослави својот роденден, а истиот им го посвети на сите кои се погодени од коронавирусот.
„Ова е за сите оние кои се борат и надеваат, за сите кои не се веќе меѓу нас, за оваа земја, за овој град“, изјави Жељко на самиот почеток.
Пејачот освен талентот за пеење, покажа дека знае да свири и на хармоника. Тој ги изведе своите големи хитови, кои ја обележаа неговата кариера, долга повеќе од две децении.