Луксузната прослава која ќе почне  на 10 јуни ќе трае два дена и е планирана за 80 лица, а сите трошоци за превоз и сместување на гостите ќе ги сноси Сандал.

Како што пишуваат турските медиуми, Мустафа неодамна земал часови по летање за да ужива од височина за време на медениот месец со својата избраничка. Нивниот план е да посетат егзотични дестинации и да се возат, односно да летаат со хеликоптер.

Двојката на 10 јуни ќе приреди „грчка вечер“ во ресторанот на хотелот, утредента ќе прави свадба во истата бавча, а потоа со гостите ќе одат на  плажата каде ќе се одржи забавата. Свадбата ќе заврши со ручек следното утро, стои во поканата.

Да потсетиме, Мустафа и Мелис беа во врска три години, а се верија во февруари годинава. Од бракот со Емина Јаховиќ има два сина Јаман и Јавуз. Овој поранешен брачен пар беше на суд бидејќи Емина го тужеше Мустафа за неплаќање алиментација, но судот утврди дека тоа не е вистина.

Емина во една прилика кусо прокоментира колку и бил тежок разводот и дека не сака да коментира, а најтешко и е што во сето тоа има деца кои не може да ги заштити од медиумите.