Српската пејачка Неда Украден која со години е на јавната сцена изгради завидна кариера, а нејзините песни се големи хитови. Песната „Зора је“ е нејзина лична карта и ја отпеа во далечната 1985 година, а музиката на песната ја напишал Ѓорѓе Новковиќ.
Отпрвин сакал да ја нарече песната „Милан Лабуд“, но Неда токму тогаш се разделила од сопругот Милан, па таа не му дозволила.
Како што еднаш раскажала Неда, во пишувањето на текстот учествувала легендарната Марина Туцаковиќ, која наводно добила над 100.000 евра благодарение на едниот и единствен напишан стих “Суза је из ока канула”.
„Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и двајцата неколку пати се расправавме за самиот наслов на песната. Прво го нарековме „Јоване, зора је“, потоа „Милане, зора је“. Последната верзија е „Зора је“. На крајот ја поканив Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих, и тоа: „Суза је из ока канула““, раскажала пејачката.
Тој стих и донесе повеќе од 100 илјади евра, изјавила во една прилика Неда, а со оваа информација ја изненадила јавноста.