Загина ќерката на богатиот тајкун Басаран на враќање од својата моминска вечер

Во авионската несреќа што вчера се случи во Иран животот го загуби Мина Басаран, богата наследничка на семејството Басаран и ќерка на тајкунот Хусеин Басаран.

Таа кон средината на наредниот месец требаше да се омажи за Мурат Гезер, успешен бизнисмен, исто така од Истанбул.

Турскиот печат често пишувал за Мина и нејзиниот свршеник Мурат бидејќи двајцата биле млади, богати и многу успешни во своите работи, а биле и познати лица на турскиот џет-сет.

Така било и во октомври минатата година кога била организирана голема забава во хотелот „Сохо хаус“ во Истанбул, кога парот се свршил.Тие требало да се венчаат на 14 април годинава.

Мурат Гезер е сопственик на компанијата „Метпринт принтинг системс“, која се занимава со дизајн и производство на метална амбалажа, а работи ширум Европа, Блискиот Исток и Африка.

Гезер течно зборува англиски и германски јазик, а студирал на американскиот Универзитет „Интер континентал“.

Трагичната несреќа што се случи близу Tехеран ги прекина сите планови на младиот пaр за заеднички живот. Таа била на моминска вечер во Дубаи, каде што со другарките се забавувале и прославувале во пресрет на нејзината свадба.

Scroll to Top