Маските на Вевчанскиот карневал говорат за општествените проблеми

By

Традиционалниот Вевчански карневал ќе се одржува од 12 до 14 јануари. На карневалот во Вевчани ќе настапат групата „Фолтин“, Кирил Џајковски, „Џамбо Анѓушев оркестар“ и фолк-пејачката Блага Петреска.

dobivaj vesti na viber

„Дефилето на маските ќе започне на 13 јануари во 13 часот, а карневалот ќе заврши следниот ден во попладневните часови со палењето на маските. Вевчанскиот карневал сам по себе е уникатен и единствен. Учесниците во карневалот ја имаат сета слобода низ креативноста и импровизацијата да ги изразат чувствата за критика и иронизирање на општествените процеси во изминатата година. Со акумулираната енергија која кулминира во деновите на дочекот на новата година по стариот календар, Вевчани станува театар на отворено и неформален центар на сатирата“, рече градоначалникот на Вевачни, Сашо Јанковски, на денешната прес-конференција во ресторанот „Пелистер“.

Се обрати и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој рече дека карневалот е одлична можност за децентрализација на културата и промоција на културниот туризам на земјата.

Професорот Симон Лешоски рече дека Вевчани е приказна сам по себе благодарение на овој културен настан.

,,Вевчани не е ниту село, ниту град, ниту република, туку Вевчани е пред сѐ приказна којашто ја прави токму Вевчанскиот Карневал. Ретко доаѓа до инциденти, иако Вевчани за време на карневалот го посетуваат приближно 10.000 посетители. Тој е еден тотален театар во кој Вевчанците, но и тие кои се непосредно присутни таму можат да ја почувствуваат тоталната слобода. Досега ниедна маска не се повторила, а со нив се посочуваат општествените проблеми, но се нудат и решенија“

Љ.В.

Ќе ви се допадне