Дедомразовската трка во Скопје

В недела, на 24 декември, во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката.

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па можа да се пријават сите. Должината на патеката е 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.

Стартот и финишот на трката се во Паркот Жена-борец, а ќе се трча кон мостот кај МНР, покрај Вардар до Камениот мост и преку Плоштадот Македонија до целта.

Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди. Пред и по трката се предвидени музичка програма и прогласување на победниците.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, со поддршка на „Кока-Кола“ и градот Скопје.

Scroll to Top