Џек Џонс го откажа настапот на „Охрид колинг“, велат од Авалон продукција. Оттаму додаваат дека ова е втор пат да откаже веќе договорен настап. Место него „Авалон“ за настап на сцената ги обезбеди Салваторе Ганачи и Роџер Санчез. Од продукцијата на социјалната мрежа Фејсбук, го изразија нивното разочарување за како што велат „некоректноста и аматеризмот на диџејот”.
Оттаму велат дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто и дека македонската публика веќе еднаш претходно била изневерена.
„Само 24 часа пред неговиот настап во Охрид, агентот на Џек Џонс не’ извести декa добил насоки од менаџментот на Џек Џонс дека нема да дојде во Охрид, иако имавме валиден потпишан договор кој е во целост финансиски исполнет кон него! Според нив, Македонија е секундарен маркет и тие си го задржуваат правото да го откажат настапот затоа што добиле одредена понуда за маркет кој за нив е примарен. На сите наши апели дека вакво нешто е непоимливо во музичката индустрија, добивме само извинување од агентот дека тој не може ништо да направи за да ја смени одлуката на менаџментот на Јаx Jones“, пишува во соопштението на Авалон објавено на Фејсбук.
Оттаму велат дека сите прашања во врска со недоаѓањето на Jax Jones треба да му се постават на него и неговиот менаџмент.
Од „Авалон“ дополнуваат дека на неговиот веб сајт сеуште стои дека ќе настапи пред македонската публика. Од продукцијата велат дека добиле информација за неговото отсуство, а причината е друга понуда да настапи на радиско шоу во Ибица. Терминот се погодил да биде ист настапот во Охрид.
Од „Авалон“ велат дека сите кои блок картите ги зaмениле со нараквици, истите ќе им важат за вечерва, како и за саботниот настап на Armin Van Buuren.