Џипси и панк со „Гогол бордело“ на 29 мај во Скопје

Американскиот состав „Гогол бордело“ ќе настапи на 29 мај,  во Младински културен центар во Скопје. Настапот е во рамките на  дваесетгодишнината на „Таксират“ фестивалот.

„Гогол бордело“ е американски колектив кој го популаризираше џипси панк музичкиот жанр. Тие всушност комбинираат панк рокот и ромската музика. Групата беше формирана во Њујорк во 1999 година и досега има издадено седум студиски албуми. Важат за голема концертна атракција и зад себе имаат настапи на некои од најголемите фестивали на светот, како „Роскилде“, „Гластонбури“, „Коачела“ и „Лолапалуза“.

Настапот во земјва е во рамките на турнејата, што го следи неговиот нов албум, што излезе во август годинава.

Scroll to Top