Диџеј Џакс Џоунс на „Охрид колинг“ на 2 август

Англискиот диџеј Џакс Џоунс, актуелен со синглот  „You don`t know me“ ќе настапи на „Охрид колинг“. Ќе настапи на 2 август, вечерта на Илинден помеѓу големите фестивалски настапи на Димитри Вегас и Лајк Мајк (на 01 август) и Армин ван Бурен (на 04 август).

Сите што ќе набават блок влезници за двата фестивалски денови (за 01 и 04 август), со истите да може бесплатно да присуствуваат на денот на настапот на Џакс Џоунс на главната сцена на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Сите оние, пак, кои ќе сакаат да го гледаат само неговиот настап на „Охрид колинг“, а немаат набавено блок влезници, тоа ќе може да го сторат со купување на влезници по многу популарни цени од 500 денари во партер, и 700 денари во фан пит.

На годинашните награди „Брит“ овој млад диџеј доби и номинација за оваа песна и тоа во категоријата за „Најдобар сингл“. Неуморниот Англичанец неодамна ја објави и нумерата „Instruction“ со глобалната поп сензација Деми Ловато, а моментално е актуелен со „Breathe“ која ја освојува светската музичка сцена.

Влезниците за Џоунс ќе бидат пуштени во продажба во сабота, од 09 часот наутро преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

Scroll to Top