Две години од смртта на диџеј Бабура

На 22 јануари 2016 година почина Љупчо Петровски, познат како диџеј Бабура. Бабура беше еден од најуспешните македонски диџеи. Многу негови колеги и пријатели денес се сетија на Бабура, а на годишнината од смртта објавија пораки дека им недостасува тој и неговата енергија.

dobivaj vesti na viber

Кариерата ја почна во радио „Уно“, па продолжи во „Мега радио“, „Антена 5“ и беше ко-сопственик во „Сити радио“. Тој настапуваше со сите светски диџеи што гостуваа во земјава. Многу млади диџеи и денес го сметаат за своја најголема инспирација и идол.

Диџеј Бабура почина на 42 години од рак. Неполна година пред смртта ги доби близнаците Јаков и Јаким, кои денес имаат три години.

Scroll to Top