Едно лице е убиено, а две други се повредени откако непознати лица од возило во движење пукале кон друг автомобил на улицата „Франклин Рузвелт“, пренесува „Макфакс“. Според полицијата престрелката се случила по полноќ, пред затворањето на кафулињата. Во пресртелката, според полициски извори, од здобиените повреди на лице место починал 44-годишниот Н.А., а неговите двајца сопатници, едниот на возраст од околу 50-тина години, другиот на возраст од 20 години поради тешки повреди со возило на итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, соопштуваат од МВР.
Вооружената престрелка се случила во близина на објектот на СЈО.
Од полицијата велат дека станува збор за непознати сторители кои биле во засега непознато возило. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.