„Исцелител“ на меѓународниот филмски фестивал во Талин

Македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески вечерва ќе ја има својата премиера на меѓународниот
филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија. Филмот ќе се натпреварува во категоријата дебитантски филмови, што воедно претставува прво учество на македонски филм на престижниот филмски фестивал во Талин.

Интернационалниот филмски фестивал на Талин е основан 1997 година и е еден од најзначајните фестивали во Европа. Тој е еден од петнаесетте светски водечки фестивали акредитиран во „А категорија“ заедно со Берлин, Кан, Венеција, Токио и други. Се прикажуваат повеќе од 250 филмови, кои доаѓаат од над 70 различни земји. Лани фестивалот имал 80,000 посетители.

Освен во Талин, филмот веќе е селектиран на уште еден филмски фестивал од „А категорија“, интернационалниот филмски фестивал во Индија – Гоа (ИФФИ). Филмот моментално се прикажува во кината Синеплекс и Милениум.

Scroll to Top