Каролина ќе пее и за битолчани

По концертите во Скопје и Охрид, Карлина ќе одржи два концерти во Битола. Концертите ќе бидат во Центарот за култура на 27 и 28 март, со почеток во 20 часот. Исто како и за скопските концерти, концептот ќе биде следен: Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум „Извор“ додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците по цена од 500 денари ќе бидат пуштени во продажба од среда, во 09 часот, на следниве продажни места: Тобако „Brothers“, ТА Атлантис, Центро Трејд, ТА Тео травел, Т.А Бела Роза 2 и ЈК Травел. Со секоја купена влезница, следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“.

Scroll to Top