Пред точно 30 години на денешен ден е формирана навивачката група на Вардар „Комити“. Денеска навивачите на црвено-црниот клуб ќе ја прослават својата 30 годишнина од своето постоење на западната трибина на „Филип Втори“ со мечот кој ќе го одиграат против Пелистер.
Точно на денешен ден во јуни 1987 година на дерби натпреварот од југословенската лига помеѓу Вардар и Црвена звезда за прв пат се појави транспарентот „Комити“. Група навивачи се собраа под тоа име да ги бранат црвено-црните бои. Од тогаш па до денес, Вардар и „Комити“ се едно.
Денешниот натпревар против Пелистер ќе започне од 18 часот. На западната трибина од „Филип Втори“ арената се очекува досега невиден пиротехнички спектакл.