Концерт на Брајан Фери во Македонска филхармонија

Легендарниот музичар Брајан Фери на 9 септември ќе настапи во Скопје, во Македонска филхармонија, објави Авалон продукција. Тој пред македонската публика ќе се претстави со сите негови хитови и со хитовите на „Рокси мјузик“ Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous Guy, како и песните од последниот албум Avonmore. На сцената ќе го придружуваат 12 музичари.

Влезниците за овој концерт ќе бидат пуштени во продажба од 20 април, по цена од 6.150 денари. Тие ќе може да се купат онлајн преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, како и на билетарата на Македонската филхармонија. Во продажба ќе бидат пуштени само 700 влезници.

Scroll to Top