„Лајбах“ вечерва во Скопје

Словенечка група „Лајбах“ вечерва од 20:30 часот ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар. На концертот тие ќе го претстават новиот студиски албум Also Sprach Zarathustra. Музиката за новиот албум групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“.

Концертот на „Лајбах“ е дел од бројните концертни настани со кои „Таксират“ годинава ја одбележува за 20-годишнината од нивното постоење.

Скопскиот концерт на „Лајбах“ е во рамките на европската турнеја на која бендот нуди целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и стари песни со нов аранжман.

 

Scroll to Top