Лас Вегас претставен во прилепска фризура

Авангардни фризури со кои над  200 фризери од цела Македонија се претставија во Прилеп го одбележаа шоуто  „Прилеп спешл шоу“, кое се одржа во ноќниот клуб „ВИП“. Беа претставени различни фризури, а идејата на ова шоу со мотото All around the world  е секоја група да се  претстави со фризура која претставува некоја светска метропола.

Интересни фризури направија фризерите од Струга,  кои го претставија својот град, сосе  браќата Миладиновци, Струшките вечери на поезијата, но и лебедите на езерото, старата архитектура, па дури и струшките моми како оделе на вода со стомна.

Интресени беа фризурите од Велес, група составена од 10 фризери кои го  претставија  Лас Вегас, но секој од нив имаше своја креација.

Групата од Тетово го претстави Мексико Сити, а фризерите од Кичево ја претставија светската метропола Њујорк.

Настанот, кој беше вистински спектакл, се организира за првпат во Македонија. Организатор е секцијата на фризери, бербери и козметичари од Прилеп, а  идејата е да стане традиција.

 

Scroll to Top