Македонски дизајнери ќе ги стоплат со облека луѓето кои немаат да купат   

Акцијата „Сите стоплени во зима“ која се реализира во рамки на иницијативата Мрдни со прст и чија цел е да се собере користена зимска облека за луѓето на кои им е најпотребна, започна во декември и ќе кулминира во МКЦ во среда, 31 јануари, во 20.00 часот, со модна ревија на 15 водечки македонски модни дизајнери на која јавни личности ќе ги претстават нивните креации со користена облека.

Стотици парчиња топла зимска облека беа собрани во текот на декември и јануари за да им биде подарена на нашите сограѓани на кои им е најпотребна. Дел од облеката беше редизајнирана од страна на 15 водечки македонски дизајнери кои доброволно се вклучија во акцијата – Никола Булевски, Лидија Георгиева, Јасмина Дракуловска, Олгица Ѓорѓиева, Никола Ефтимов, Горан Костовски – Индог, Јана Манева Чупевска, Силвија Михајловска „Алшар“, Благој Мицевски, Антонија Ристовска, Нина Симовска, Емилија M.Ставрова, Ирина Тошева и Иван Петрушевски – Флим, Јована Филиповиќ, Јана Ацевска „Капка“, и таа во нивните раце доби сосема нов лик.

Собраната облека ќе им биде подарена на нашите сограѓани за што ќе се погрижат организациите „Љубезност“ и „СОС Детско Село“.

Scroll to Top