(Галерија) Македонските убавици во бајката на Дизни

By

Љубителите на гламурот, убавите девојки, украсите, свадбарските торти, шампањот, синоќа имаа можност да уживаат во 8-от Саем на венчавки.

Марјана Стојановска

На саемот кој се одржа во хотелот Александар Палас продефилираа македонски дами и џентлмени во венчаници и костуми, а целиот амбиент беше во стилот на свадбена Дизниева бајка.

Викторија Лоба

Идните невести и младоженци имаа можност да видат што е новитет во декорирањето, а имаа ретка можност да погледнат свадбени декорации од мраз, кое беше дело на „Ајс технолоџи“

Традиционално овој настан го водеа познати наши водителки, а оваа година домаќинка и заштитено лице беше Александра Велинова. И оваа година како модели продефилираа звучни имиња од музичкиот, модниот, спортскиот, се на се јавниот живот во нашата земја.

Александра Пановска

Елена Лука, Мила Кадриу, Антонија Ристовска, „Пепика атеље“, „Дивајн“, Елизабет Дизајн Студио. Армариум, Ателље Форевер, беа некои од креаторите и модните куќи кои беа дел од саемот.

Свеченото отворање се случи синоќа на 23 февруари. додека следните два дена се посветени на сите идни брачни парови и нивните најблиски. За сабота и недела се закажани неколку индивидуални модни ревии на венчаници, костуми, како и работилници и презентации на невестинска шминка и фризура.

 

 

Ќе ви се допадне