МОБ ја доби наградата „Златна оревокршачка“

Балетот на Македонската опера и балет на меѓународниот фестивал за танц во Рим ја доби престижната награда „Златна оревокршачка“ во категоријата за извонредност на театри во светот. Наградата во име на Македонската опера и балет ѝ беше врачена на Олга Панго, уметнички раководител на Балетот, а ѝ ја додели балетската легенда Карла Фрачи од Италија.

На гала-вечерта настапија балетските првенци на МОБ, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

Scroll to Top