Музичката легенда Ѓорѓе Балашевиќ доаѓа во Скопје

По пауза од три години, музичката легенда Ѓорѓе Балашевиќ доаѓа да одржи концерт во Скопје. Концертот е на 19 мај, во 20 часот, во ВИП Арената „Борис Трајковски“ . Настапот на Балашевиќ е во рамките на неговата последната турнеја за која беа распродадени концертите во Загреб, Белград, Сараево.

„Ѓорѓе Балашевиќ многу ретко, речиси дозирано одржува концерти и навистина ни е голема чест и задоволство што ќе го имаме и во јубилејната, 25та година во Скопје“, изјави Бобан Милошевски, од „Авалон“, кои се организатори на концертот.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 15-ти февруари во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по следниве цени и категории: 700 денари ПАРТЕР (стоење), 900 денари ТРИБИНИ , 1000 денари ТРИБИНИ и 1200 денари GOLDEN SEATS.

Scroll to Top