Од сега ќе читаме списание за мажи

Машкиот „М магазин“ е новото списание, кое денес и официјално беше промовирано на медиумскиот пазар. Денес, во ресторанот „Воденица“, новинари, пејачи и бизнисмени дојдоа да му дадат поддршка на машкиот магазин зад кој стои Виктор Кошавалиски, како директор и главен и одговорен уредник.

„Кој луд во ова време да прави списание? Аме, ете, ние решивме да го направиме и тоа. Мода за мажи, совети за вежбање, интервјуа со урбани ликови и познати личности. Од автомобилите, секако, не се откажуваме, па и тоа ќе има во нашето списание“, рече Влатко Кошавалиски на денешната промоција. Машкиот магазин е по цена од 50 денари и излегува на 100 страници. (А.Г.)

Scroll to Top