„Огнот на Анадолија“ вечер во Скопје

Светски познатата танцова трупа од Турција, „Огнот од Анадолија“, вечерва ќе има свое шоу во  Скопје, во ВИП арената „Борис Трајковски“. Шоуто занпочнува во 20.30 часот.

Тие постојат од 1999 година, a низ светот настапува од 2001. Групата ја сочинуваат околу 120 танчари, повеќе кореографи и техничка екипа.

„Со потекло од митолошката и културна историја на Анадолија, ова е уникатен проект, кој содржи 3.000 танцови фигури и народна музика, составени од речиси секој регион на Анадолија“, велат од „Прагма мјузик ентертејнмент“, организатори на настанот.

Проект на Мустафа Ердоган, танчарите од „Огнот од Анадолија“ имаат настапувано на повеќе настани во Турција и низ светот, како: Светското првенство во кошарка во 2010 година, церемонијата на отворањето на Европскиот олимписки фестивал „Трабзон 2011”, Формула 1 трка во Бахреин, 15. Азиски олимписки игри во Катар, Олимпијадата 2008 во Пекинг, Експо Сарагоса 2008 и Шангај Експо 2010.

Scroll to Top